Ракометарите на ПИК Сегед конечно врзаа две победи во Лигата на шампионите и направија крупен чекор кон осминафиналето во елитното натпреварување. Унгарскиот првак славеше против словенечкиот Целје со 36-28.
По почетните 3-3, гостите со три гола во серија на Фримел, Тонесен и Банхиди поведоа со 6-3, а по десетина минути беше и пет плус за избраниците на Хуан Карлос Пастор, 9-4. Оттогаш па до крајот не ја испуштија предноста.
Домаќинот Целје успеа да се доближи на минус два, 10-8, но најдобриот играч Алекс Влах беше добро затворен, па ПИК Сегед ја обезбеди победата до крајот на првиот дел, 20-13.
Второто полувреме беше само формално одработено од гостите, кои ги израдуваа нивните фанови со две победи по ред. Најдобри стрелци кај ПИК Сегед беа Фримел и Бодо со шест гола, додека Цокан и Стрмљан погодија по пет пати за Целје.
ПИК Сегед сега има шест бода на шестото место на табелата, додека Целје останува на два бода.