ПИК Сегед во нови проблеми, пред битките со Веспрем остана без еден од најдобрите

Ракометарот на Пик Сегед Бенце Бахиди во петокот соопшти дека неговата состојба со повредата се подобрува, но тој не знае кога точно ќе се врати на терените.

Очекувањата се тоа да се случи кон средината или крајот на мај, негова желба е враќањето да се случи што побрзо, но не сака и да брза.

„Не знам кога ќе се вратам, но не брзам за да не се повредам повторно. Се уште не сум се откажал од играњето оваа сезона, работам и се надевам дека ќе се вратам до крајот на сезоната. Ситуацијата ми се подобрува, ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави Банхиди.

Во овој период тој оди и на физиотерапија и пливање. Ваквите информации со ситуацијата на Банхиди се лоши вести за ПИК Сегед пред важните натпревари против големиот ривал Веспрем во завршницата на сезоната.

До крајот на сезоната двата ривали ќе се сретнат во Купот, уште еднаш во првенството, а дополнителни два меѓусебни натпревари ги чекаат во плеј-офот.