Oфицијалната промотерка на Европското првенство за сениорки кое ќе се игра во ноември оваа година во Македонија, Словенија и Црна Гора, Сенида влезе во соблекувалната на Словенија.
Сенида е специјален амбасадор на натпреварувањето и автор на официјалната химна на шампионатот. Во текот на дружењето со ракометарките на Словенија, Сенида откри дека нејзината мајка во минатото играла ракомет во Црна Гора.