Голманот од Хрватска, Иван Пешиќ успеа брзо да си најде нов клуб откако пред неколку дена беше ослободен од обврските од тимот на Мешков Брест.
Според информациите кои ги објавува „Вечерњи лист“ од Хрватска тој до крајот на оваа сезона ќе брани за тимот на Штутгарт каде што игра и репрезентативниот пивот на Македонија, Жарко Пешевски.
Целта на Пешиќ беше да остане во форма и да биде во конкуренција за настап на Европското првенство во јануари. Затоа бараше клуб каде ќе може да игра на високо ниво до крајот на оваа сезона.
Како што е веќе познато за следната сезона веќе има клуб и ќе го носи дресот на Нант од Франција.