По вториот пораз на Македонија на Светското првенство од Холандија, свое видување за денешниот настап имаше и пикерот Жарко Пешевски.
Притисокот од натпреварот, големиот број на технички грешки, како и големиот број на промашени зицери се само дел од причините за високиот пораз.
Се подготвувавме темелно за противникот, до детал знаевме како игра Холандија но веројатно притисокот си го направи своето.Направивме многу технички грешки, промашивме многу зицери, игравме лошо и во одбраната и нападот иако имаше и убави моменти. Успеавме да се вративе во вториот дел, но повторно имавме една црна дупка по која го загубивме натпреварот. Свирежите кои ги добивме од навивачите по завршувањето на натпреварот ќе ни бидат само поттик за во иднина. Македонија победувала и губела во минатото. Имаме уште еден натпревар пред нас, се надевам дека добро ќе се подготвиме и ќе се пласираме во следниот круг- изјави за пикерот Пешевски.