Пешевски одличен во поразот на Штутгарт против лидерот Магдебург

Тимот на Штутгарт во Бундеслигата денес беше поразен од Магдебург со 27:30. Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски и покрај поразот одигра солиден натпревар.

Пешевски натпреварот го заврши со пет постигнати голови од шест обиди. Со ваквиот учинок Пешевски беше најефикасен од редовите на Штутгарт, пет гола имаше и Виго Кристијансон, но од осум обиди. Најефикасен на натпреварот беше Омар Магнусон од Магдебург со осум гола.

Штутгарт со овој пораз против лидерот на табелата останува во долниот дел на табелата на 15-та позиција со 12 освоени бодови. Магдебург од друга страна на табелата се зацврстува на врвот на табелата со шест бода повеќе од Кил. Во следното коло Пешевски и Штутгарт ги очекува натпревар против Хановер.