Македонија загуби во второто коло на Европското првенство во Австрија од селекцијата на Чешка. Пивотменот Жарко Пешевски вели дека среќата денеска не беше на наша страна.
„Навистина штета што го загубивме овој натпревар. Останува мечот со Австрија на кој треба да го оставиме срцето на теренот. Се надевам дека ќе имаме поддршка како денеска и против Украина. Денеска немавме среќа, а Австрија има сличен квалитет како Чешка, па се надевам дека овој пат таа ќе биде на наша страна“, изјави Пешевски.
За нас сега останува последниот натпревар на 14 јануари против домаќинот, на кој ни одговара само победа доколку сакаме место во втората фаза.