Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски игра во одлична форма во дресот на Штутгарт во Бундес лигата на почетокот на оваа сезона.
Тој во интервју за „Муехлакер Тагблат“ им откри на Германците зошто ракометот е спорт број 1.
„Успесите на Металург и Вардар се главната причина што ракометот е спорт број во еден во Македонија, дури пред фудбалот“, вели Пешевски.
Пикерот на македонската репрезентатиција вели дека капитенот Кире Лазаров е како Бог во нашата држава.
„Тој е како Господ Бог, нешто како Златан Ибрахимовиќ од Македонија“, заврши Пешевски.
Некогашниот член на Металург и Мотор Запорожје, се најде на списокот на Данило Брестовац пред квалификациите за Европското против Финска и Швајцарија.