Тимот на Штутгарт, каде што настапува македонскиот интернационалец Жарко Пешевски, загуби на гостувањето кај Фленсбург во натпревар од 9 коло во Бундес лигата.
Гостите отворија со 1-5, исландскиот репрезентативец Кристијансон даде осум голови осум голови и најчесто гостите ја имаа предноста во првиот дел. На пауза се замина со 17-18.
Последен пат Штутгарт водеше во 40. минута, 20-21, но потоа Фленсбург со серија од четири погодоци се одлепи на 24-21 и до крајот ја задржа предноста за конечни 34-30.
Пешевски постигна еден гол за гостите, а најдобар стрелец беше Кристијансон со 11 погодоци, додека кај Фленсбург Готфридсон и Род беа стрелци на по осум голови.