Ракометарите на Штутгарт во рамките од 6. коло од Бундеслигата ја забележаа првата победа за новата сезона. Штутгарт на свој терен беше подобар од фаворизираниот состав на Рајн Некар со 35:30.
Екипата од Манхајм е во длабока криза, а остана без место и во Европската лига откако беше елиминирана од Бенфика. Елиминацијата на Рајн Некар на европска сцена се одрази и врз денешниот резултат.
Пикерот на македонската репрезентација, Жарко Пешевски одигра солидна партија во дресот на Штутгарт. Пешевски натпреварот го заврши со три постигнати гола од четири упатени удари.
Со првите два освоени бодови, Штутгарт го избега дното на табелата и се позиционира на 14. место од вкупно 18 учесници. Следен предизвик за Пешевски и неговите колеги е гостувањето кај Римпар.