Тимот на Штутгарт, каде што настапува македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, веќе ги почна подготовките за новата сезона.
Пешевски и соиграчи се наоѓаат во австрискиот Тирол, на планина во комплексот „Зилертал Арена“.
Според фотографиите на социјалните мрежи, Пешевски и соиграчите од рано наутро до доцна навечер мислат само на ракомет.