Еурофарм Пелистер го одбрани трофејот во Супер купот откако во драматичен меч во Охрид го победи Вардар со 23-22 (12-12).
Еден од подобрите играчи во тимот на „фармацевтите“ беше македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, кој по завршувањето на натпреварот имаше пофални зборови за „црвено-црните“.
,,Натпреварот беше многу тежок и имаше многу грешки на двете страни и едноставно годинава како така да ни е пишано, овие трилер завршници да припаѓаат на наша страна. Секоја чест за Вардар како изиграа, имаат многу проблеми, се надевам дека ќе застанат на здрави нози, бидејќи многу добро знаеме кој е Вардар. Ни претстои една интересна сезона во Суперлигата, изјави Пешевски
Следните обврски за битолчани се натпреварите од Суперлигата и од регионалната СЕХА лига пред да стартуваат дуелите од Лигата на Европа.