Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува вториот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против португалскиот Агуаш Санташ.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски вели дека ривалот е опасен и агресивен и дека нема да биде лесно.
„По поразот од Архус немавме многу време за подготовка за Агуаш Санташ, но знаеме каков противник ни следува. Преку видео анализи ја воочивме играта на противникот и колку што можевме се подготвуваме за овој дуел. Агуаш Санташ е опасен и агресивен тим. Игра агресивна одбрана, па затоа мораме да бидеме трпеливи во нападот. Во овој натпревар влегуваме со ладна глава, и тие го загубија првиот натпревар и мотивацијата ќе биде иста на двете страни. Но, верувам дека ние ќе бидеме тие кои што ќе ги слават првите бодови“, изјави Пешевски.
Натпреварот меѓу Агуаш Санташ и Еурофарм Пелистер ќе се одигра утревечер со почеток од 20:45 часот.