По победата над Ерланген во минатото коло, тимот на Штутгарт каде што настапува македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, забележа уште еден триумф во Бундес лигата.
Штутгарт на домашен терен беше убедлив против Гепиген и победи со 29-26, а тимот на Пешевски водеше уште по првиот дел со 14-11.
Потврда за одличната форма на Пешевски добивме и на овој натпревар, на кој македонскиот кружен напаѓач беше втор стрелец со четири погодоци од четири обиди.
Штутгарт сега има 19 бодови и избега од опасната зона на табелата, но сепак до крајот на сезоната ќе мора да освојува уште бодови за да го потврди опстанокот.