Жарко Пешевски и Штутгарт продолжуваат со одличните игри во Бундес лигата, во 5. коло славеа голема победа на гостувањето кај Магдебург со 30:29.
Натпреварот започна израмнето но тоа траеше до резултат 6:6, а потоа се беше во знак на гостите. Штутгарт одигра добри први 30 минути, во поголемиот дел од полувремето имаше водство, а на полувреме имаше шест гола предност, 12:18.
Tимот на Пешевски во поглемиот дел од второто полувреме го одржуваше водството, домаќините во финишот усепеаја да се доближат на минус еден, но немаа сили да избегнат пораз. Жарко Пешевски од два обиди постигна два гола за Штутгарт.
Вецлар и Филип Миркуловски одиграа слаб натпревар и беа поразени од Мелсунген на домашен терен со 25:33. Уште по првиот дел Вецлар имаше голема негатива од 7:16 и до кајот на мечот немаше шанси да избегне пораз.