Тимот на Струга во продолжение од сезоната ќе мора да игра без црногорскиот репрезентативец Никола Матовиќ.
Репрезентативниот чувар на мрежата на Црна Гора, кој беше дел од Европското првенство, заработи повреда на последниот меч со Исланд.
Матовиќ има скинати лигаменти на коленото, а тоа значи пауза од најмалку шест месеци и крај на сезоната за одличниот голман.
Тој беше главните играчи на Струга во есенскиот дел од сезоната, па стратегот Наум Танески ќе мора да се потпре на услугите на Дамјан Тутенкоски и Марио Стојаноски во продолжение од сезоната.
Стружани во 17 коло од регуларниот дел му гостуваат на составот на Пролет.