Репрезентацијата на Србија загуби во дерби дуелот од групата Е против Германија со минимални 34-33, и со тоа ги намали шансите за пренесување максимален број бодови во следната фаза.
Покрај поразот Србија доживеа и уште еден пех на денешниот натпревар откако на средината на првото полувреме го загуби десниот бек Предраг Вејин.
Ракометарот на Нексе доживеа повреда на скочниот зглоб, а дека ситуацијата не e добра сведочеше сликата кога двајца негови соиграчи мораа на раце да го изнесат од теренот.
Покрај Вејин, на позицијата десен бек во репрезентацијата на Србија настапува Милош Орбовиќ, а можно е селекторот Херона дополнително да повика нов ракометар за следната фаза.
Србија во последното, трето коло, од групната фаза ќе игра против репрезентацијата на Катар.