Бундеслигашот Вецлар за остатокот од сезоната и последните важни натпревари кои ќе одлучуваат за конечниот пласман на табелата ќе настапи без двајцата главни ракометари, Стефан Чавор и Александар Фелд.
Најдобриот стрелец на Вецлар, Стефан Чавор ќе мора порано да ја заврши сезоната поради повреда. Тој нема да ги одигра останатите натпревари од Бундес лигата.
Репрезентативецот на Црна Гора се здоби со повреда на метакарпалната коска на левата рака. Чавор и претходно се соочуваше со повреди, но тие не беа толку ризични.
Освен Чавор, сезоната најверојатно ќе заврши и за Александар Фелд, кој на вчерашниот тренинг ја скина тетивата на ногата. Нивниот колега, Оле Форсел исто така ќе паузира поради операција на коленото.