Пехарот во рацете на Чупиќ, Чупиќ во рацете на вардарци (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар старо-нов шампион во македонска Суперлига

Екипата на Вардар ја одбрани титулата во Супер машката лига откако денеска дојде до победа против Металург од 39:27 и со тоа се најде пред главниот конкурент, Еурофарм Пелистер. После натпреварот против Металург беа доделени медалите и пехарот така што „црвено-црните“ ја добија наградата за сработеното. Инаку, пехарот го крена Иван Чупиќ кој го напушта клубот и се сели во тимот на ППД Загреб. Тој се најде веднаш и на рацете на неговите соиграчи така што ова беше момент за одбележување бидејќи заврши еден убав период од својата кариера.