Македонија загуби од Норвешка со убедливи 12 гола разлика, 38-27, на стартот на Светското првенство во Полска и Шведска.
Еден од најдобрите во нашата селекција беше пивотменот Костадин Петров, кој постигна четири гола од четири обиди.
„Чест и задоволство е да се носи овој дрес. Моето мислење е дека овој дрес кога ќе го облечеш, секогаш треба да давам максимум. Имавме договор да играме брзо, но со глава. До 20 минути се држевме добро, но, потоа во тие последни десет минути од првиот дел како да загубивме глава, направивме неколку технички грешки и мислам дека со ваква репрезентација, која ќе се бори за првите места, е многу тешко да се вратиш од таа негатива. Договорот беше да играме брзо, но не по секоја цена брзо, дококлку осетиме дека сме уморни да намалиме, најбитно ни беше одбраната да ја поправиме. Мислам дека ни треба уште многу сила, уште многу да работиме, оваа репрезентација има уште многу што да даде. Се надевам дека ќе го поправиме впечатокот на следните два меча“, вели Петров.
Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Холандија, што ќе се одигра утре од 18:00 часот.