Тимот на Тор Акурејри, каде што тренер е Стевче Алушовски, а во тимот игра Костадин Петров, ја забележа првата победа во Втората лига на Исланд.
По стартниот пораз од Фјолнир со 29-27, Тор славеше на гостински терен кај Корденгир со 26-21.
Кружниот напаѓач Петров дебитираше за исландскиот тим во второто коло и беше најдобар стрелец во екипата на Алушовски со седум погодоци.
Тор Акурејри во следното коло на 9 октомври на домашен терен ќе ја пречека екипата на Фрам и ќе се обиде да го оствари вториот триумф сезонава.