Македонскиот интернационалец Костадин Петров го имаше официјалното деби за новиот тим Сучеава.
Во романскиот шампионат, Сучеава забележа минимална победа над составот над Решица со 21-20, а Петров беше стрелец на еден погодок.
Кружниот напаѓач изнуди и четири седмерци за неговиот тим, а беше одличен и во одбраната.
За Решица настапија некогашните членови на Пелистер и Металург, грузиските интернационалци Орјоникдзе и Кбилашвили и дадоа вкупно девет голови, но не беа доволни за позитивен резултат против Петров и Сучеава.
Во следното коло Сучеава ќе игра против ЧСМ Букурешт.