Тимот на Сучеава, каде што настапува македонскиот интернационалец Костадин Петров, на три кола до крајот на романскиот шампионат, обезбеди опстанок.
Сучеава на последните четири меча има три победи и еден пораз, па собра доволно бодови да не биде меѓу последните четири екипи што ја напуштаат лигата.
На последниот натпревар, Сучеава загуби од фаворитот ЧСМ Букурешт со 33-28, а Петров продолжи да игра во одлична форма и беше стрелец на четири гола од четири обиди.
До крајот на сезоната остануваат уште три кола, а потоа македонскиот интернационалец и неговиот тим ги очекуваат уште натпреварите од Купот на Романија.