Тимот на Металург за следната сезона го обезбеди потписот на македонскиот пивотмен Костадин Петров.
Тој потпиша договор на две години и прави камбек во Автокоманда, каде што играше пред четири сезони.
Во меѓувреме беше дел од Пелистер, шпанската Гвадалахара и романскиот тим Сучеава, каде имаше солидни настапи.
Голманот и капитен на тимот Даниел Дупјачанец, го продолжи договорот и ќе остане во Автокоманда најмалку уште две сезони.
Претходно тимот на Металург го продолжи договорот со десното крило Златко Хорват, а ги договори и француските интернационалци Кевин и Оливие Њокас.