Тимот на Тор Акурејри, каде што настапува македонскиот репрезентативец Костадин Петров, забележа нова победа во Втората лига на Исланд.
Тор Акурејри славеше на домашен терен со десет гола разлика против незгодниот Селфос, 39-29, а најдобар на теренот беше Петров со десет погодоци.
Македонскиот кружен напаѓач беше прогласен за МВП на натпреварот, додека екс вардарецот Јосип Векиќ имаше осум погодоци.
Тор Акурејри сега е на четврто место на табелата со девет бода, четири победи, реми и четири порази, а до крајот на есенскиот дел ќе одигра уште два меча на гости кај Фјолнир и Валур.