Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство 2023. Против Аргентина, Лазаров се одлучи за четири пикери и овојпат Костадин Петров ќе го менува Михајло Младеновиќ, левиот бек кој имаше дефанзивна задача на овој турнир.
На селекцијата од Јужна Америка за пласман во следната фаза и одговара и реми, додека опција за Македонија е само победа.
Селекторот Кире Лазаров за денешниот дуел против Аргентина ќе смета на Манасков и Џонов, Талески и Павле Атанасијевиќ, Игор Георгиев и Кузмановски, Костески и Георгиевски, Томовски и Митревски, Серафимов и Савревски како и четирите пивотмени Маркоски, Пешевски, Стојковиќ и Петров.
Натпреварот меѓу Македонија и Аргентина ќе започне со почеток од 18:00 часот. Аргентина ќе ја предводи братскиот двоец Диего и Пабло Симоне.