Македонија загуби на првиот натпревар на Светското првенство од селекцијата на Норвешка со 39-27. Иако во одреден момент од првиот дел одигравме рамноправно, сепак една лоша серија го одреди текот на мечот. Се одлепија Норвежаните до крајот на првиот дел, 18-11, а вториот дел беше само формалност. Еден од дебитантите во репрезентацијата на Македонија, Костадин Петров одигра на солидно ниво против скандинавската постигнувајќи четири гола. од исто толку обиди.