Александар Петровски е дел од вардаровиот тим, кој ја освоил првата шампионска титула во “црвено-црниот” дрес и додека евоцираше спомени, дојде до предлог до првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски.
„Лани беше 20-годишнина од првата титула на Вардар. Знам дека беше корона година и свесен сум за условите, но еве му давам идеја на Михајло да нè собере, таа генерација, да нè организира и да се подружиме со старите пријатели за да го прославиме јубилејот – 20 години од првата шампионска титула на Вардар.“
Во продолжение прочитајте го комплетното интервју со Александар Петровски.