Македонскиот интернационалец Дарио Петровски, кој во оваа сезона настапува за Јуниор Фасано, имаше одлична партија во шампионатот на Италија.
Петровски заедно со екипата на Јуниор Фасано славеа важна победа против тимот на Албатро со три гола разлика, 30:27, во натпревар од 17. коло од тамошниот шампионат.
Битолчанецот беше еден од предводниците во победничката екипа, постигна пет погодоци и запиша девет асистенции.
Јуниор Фасано со новата победа дојде до 23 бода на свое конто и ги задржа шансите за 2. позиција на табелата, на која моментално се наоѓа екипата на Меран, која има 24 бода.
Следен предизвик за Петровски и колегите ќе биде гостувањето кај незгодниот состав на Фонди.