Петмина тренери од Македонија – Стојан Петрушевски, Владо Недановски, Кристијан Грчевски, Басри Латифи и Миле Бочкаровски, се наоѓаат на чекор до Мастер Коуч лиценца, највисоката тренерска дозвола за работа.
Тие се на предавања до 27 декември во Врњачка Бања каде што се одржува Вториот Модул од семинарот во организација на Ракометниот Сојуз на Србија и Европската ракометна федерација
Првиот Модул беше организиран онлајн, а вториот со физичко присуство. Петмината тренери од Македонија ги очекува одбрана и презентација на своите трудови, а тоа е условот за учество на Третиот Модул што ќе се одржи во јуни.
Покрај стручњаците од Вардар, Бутел Скопје, Чаир и Металург РА, во Врњачка Бања има уште 35 други тренери од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Велика Британија, Германија и Бугарија.
Во јуни, тие би требало да влезат во одбраното тренерско друштво од Македонија, кое секоја година и побројно.