Македонската голманка Драгана Петковска брани во одлична форма на стартот на првенството во Израел.
Нејзиниот тим Макаби Ришон Ле Зион одигра нерешено против составот на Макаби Аразим Рамант Ган, 23-23.
Петковска беше една од клучните ракометарки во нејзиниот тим што успеа да се избори за бод против клубот што го елиминира Куманово од Европа, а ќе игра со Чаир.
Таа успеа да запре 19 удари на ракометарките на Макаби Аразим Рамат Ган и го освои првиот бод во 4 коло од новата сезона.