Петковска се враќа на терените, ќе брани за шампионот на Србија

Репрезентативката Драгана Петковска после неколку месеци се враќа на терените и во новата сезона ќе настапува во првенството на Србија, а ќе го „чува голот“ на тимот на Јагодина.

Шампионот на Србија добива засилување на голманската позиција во ракометарката која има солидно искуство зад себе бидејќи во кариерата бранеше и за екипата на Вардар.

Последните екипи во кариерата ги имаше во Данска, каде што имаше забележителни настапи. Таа бранеше за Силкеборг и Сондерјиске.

Станува збор за репрезентативка на Македонија, која не беше на последниот собир поради тоа што не бранеше никаде. Сепак, сигурно ќе биде од голема помош на следните натпревари со своето искуство.