Тимот на Талент Плзен, каде што игра Никола Костески, ја продолжи победничката серија во чешкиот шампионат.
Плзен славеше на домашен терен против составот на Робе Жубри со 37-27, а победата беше најавена уште по првиот дел кога беше 15-10.
Десното крило од Македонија во првото полувреме од овој натпревар постигна пет погодоци.
Брно на Дејан Кукуловски загуби во драматичен натпревар од Ловсоице со 28-27. Левиот бек беше стрелец на голот за реми на седум секунди до крајот, но Брно прими гол од ветеранот Павел Хорак во последната секунда и мораше да се помири со пораз.
Македонскиот интернационалец беше втор стрелец во составот на Брно и постигна пет гола на овој дуел.
Плзен веќе е во плеј-офот, додека Брно е на деветтата позиција на табелата со 20 бода, но и со шанси да се избори за место во разигрувањето за титулата во Чешка во следните три кола.