Екипата на Гвадалахара во која настапува македонскиот интернационалец Дарио Петровски, доживеа минимален пораз од составот на Аменабар, 24:23, во рамките од второто коло од Втората шпанска лига.
Ова беше прв пораз за Петровски и неговите колеги во новата сезона. Во првото коло, Гвадалахара имаше успешен старт против Виља Де Аранда.
Петровски покажа солидна партија против Аменабар и натпреварот го заврши со пет постигнати погодоци.
Гвадалахара во третото коло на домашен терен ќе ја пречека екипата на Алкобендас.