Македонската интернационалка Симона Гроздановска ја продолжува одличната формма во швајцарскиот шампионат.
Винтертур ремизираше на домашен терен со составот на Кројцлинген, 28-28, иако на полувремето имаше негатива од два гола, 12-14.
Гроздановска беше меѓу најдобрите во домашниот тим и успеа да постигне пет гола од осум обиди.
Винтертур со овој бод е на четвртото место, последно кое води во плеј-оф и има 14 бода, еден помалку од ривалот Кројцлинген, кој е трети со 15 бода.
Следен предизвик за Гроздановска и Винтертур ќе биде домашниот натпревар против Брул.