Македонската легенда Петар Ангелов Диви, нема да седи на клупата на суперлигашот Вардар Неготино во следната сезона.
Двете страни не договорија продолжување на соработката и си продолжуваат по својот пат наредната сезона.
Ангелов имаше двојна улога тренер-играч во Вардар Неготино и му донесе опстанок на неготинскиот тим во суперлигашкото друштво.
Легендарниот чувар на мрежата наредната сезона ќе има нов клуб, а неготинци нов шеф на стручниот штаб.
Кавадарчанецот бранеше во Тиквеш, Пелистер, Вардар, Металург и Пролет, а во странство имаше богата кариера во францускиот Трембле, турската Анталија, германскиот Ратинген, aвстрискиот Кремс…