Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски имаше одлично деби за шпанскиот Ваљадолид.
Тој постигна седум гола на дуелот со Кањас, кој Ваљадолид го доби со 24-22, а се играше два пати по 20 минути.
На вториот дуел против Торелавега, Ваљадолид загуби со 29-26, а Димитриоски постигна четири гола.
Вториот Македонец во Ваљадолид, Дарко Димитриевски, на првиот дуел даде еден гол, додека на вториот беше стрелец на четири погодоци.