Перфектни квалификации за Македонија, зачинети со супер триумф над Грција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Грција (Квалификации за бараж за СП)

Македонија ја совлада Грција во квалификациите за бараж за СП со 20:19 во натпревар со возбудлив тек. Хероина на средбата беше Јована Мицевска која го одбрани последниот удар за голем триумф за Македонија и перфектни квалификации.

Женската сениорска репрезентација на Македонија одработе одлични квалификации за бараж за Светското првенство откако денеска ја совлада селекцијата на Грција со 20:19. Во поголемиот дел од средбата Грција беше во предност, но Македонија на крајот беше таа која се радуваше и ова беше сосема заслужено. Последниот шут на противникот за реми беше одбранет од страна на Мицевска која со ова стана херој на натпреварот и ракометарка која го имаше клучниот момент. Со ова Македонија со шест поени оди во баражот каде утре ќе го добие противникот.