Перуничиќ одбра за ЕП, на списокот и еден ракометар од Еурофарм Пелистер

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Ненад Перуничиќ го објави списокот со седумнаесет играчи кои ќе патуваат на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

Собирот на репрезентацијата беше во Ковилово каде што се комплетираше репрезентациајта и замина на турнирот „Златна лига“ во Франција кој ќе биде последната проверка пред настап на првенството. Претходно Перуничиќ најави дека играчите кои патуваат за Франција ќе играат и на Европското првенство.

Србија на турнирот во Франција ќе игра на 3 јануари против домаќинот, а два дена подоцна силите ќе ги одмери и со Норвешка. На 6 јануари Србите патуваат за Грац каде што ќе ги финишираат подготовките. Србија го отвара првенството против Белорусија, а ќе ираат уште со Хрватска и Црна Гора.

На списокот се наоѓа и десното крило на Еурофарм Пелистер, Милан Ѓукиќ.

Список на Србија за ЕП

Голмани
Владимир Цупара
Тибор Иванишевиќ

Лево крило
Немања Илиќ
Вања Илиќ

Десно крило
Богдан Радивојевиќ
Милан Ѓукиќ

Пикери
Мијајло Марсениќ
Живан Пешиќ
Зоран Николиќ

Бекови
Миљан Пушица
Стеван Сретениќ
Иван Мошиќ
Лазар Кукиќ
Стефан Вујиќ
Алекса Колаковиќ,
Немања Зеленовиќ
Никола Црноглавац