Еден од клучните ракометари во Еурофарм Пелистер оваа сезона е босанскиот репрезентативец Јосип Периќ.
Капитенот на битолчани посакува да продолжи позитивниот тренд и против Татабања во четвртото коло од Лигата на Европа.
„Поразот од Ним ни падна тешко, но потоа се вративме во игра откако направивме камбек против Кадетен и стигнавме негатива од пет гола. Среќен сум како одигравме против АЕК, а победата е многу важна за нас и за нашите навивачи. Не чека нов тежок натпревар. Татабања игра многу подобро во последните натпревари. Верувам дека ќе имаме возбудлив меч, двете екипи играме сличен стил, но јас верувам во нас“, вели Периќ.
Покрај европските обврски, Еурофарм Пелистер има и домашни во Суперлигата.
„Нашиот фокус останува да освоиме најмалку еден трофеј во Македонија и секако сите натпревари против Вардар. Ќе тренираме многу, ќе го даваме нашиот максимум на терен и потоа ќе се обидеме да ја донесеме долго очекуваната титула во Битола“, заврши Периќ.