Составот на Еурофарм Пелистер си обезбеди прва победа во Групата Д од Лигата на Европа откако го совлада Аек во Грција со 30:27. Со ова се избори за напредок на табелата, а ракометарите на тимот од Битола најавија поубаво продолжение од сезоната.
„Благодарност на тренерот на АЕК за убавите зборови. Бевме многу добро подготвени за овој натпревар, од тренерот до секој човек во клубот. Секој детаљ го имавме аналзиравме и не се изненадивме како игра АЕК. Сакам да го потенцирам тимскиот дух на мојата екипа. И нашиот голман Секељ беше извонреден. Уживавме, лесно е да се игра во таков налет. Горд и среќен сум како одигравме вечерва“, изјави Јосип Периќ.
Тој уште еднаш покажа дека е лидер на тимот на Еурофарм Пелистер и дека кога тој е расположен секогаш е лесно да се дојде до победа.