Тимот на Еурофарм Пелистер одигра одличен натпревар и без најдобриот стрелец Стипе Мандалиниќ го совлада данскиот ГОГ Гудме со 32-31.
Еден од најдобрите поединци на натпреварот беше средниот бек Јосип Периќ, кој погодуваше, асистираше…
„Честитки за ГОГ Гудме за добриот натпревар. Се виде дека добро се подготвувале за овој меч. Ова е многу голема победа за нашата екипа, бевме со скратен ростер и ни фалат важни играчи, но мислам дека ова беше нашиот најдобар натпревар сезонава. Многу сум среќен“, изјави Периќ.
Со овој триумф битолчани се на чекор до осминафинале во Лигата на Европа, а следен предизвик за нив ќе биде дуелот со германскиот Рајн Некар Левен.