Двегодишниот договор на Јосип Периќ со Еурофарм Пелистер завршува на крајот на оваа сезона.
Средниот бек, кој летово беше желба на Загреб, Лајпциг и Ст. Рафаел, се уште нема јасна слика дали ќе остане во Битола или ќе ја смени средината.
„Вистина е дека летово имаше некои понуди, но имав договор со Еурофарм Пелистер и одлучив да го доработам, а и зошто да менувам нешто што е добро. Не размислував за заминување од Битола, а така е и сега. Јас сум уште играч на Пелистер и сакам да си го одработам коректно договорот. Во моментов немам никаква одлука за иднина. Имам уште една година тука, имаме некои цели кои треба да се исполнат, приоритет ми е Пелистер и и засега само за него размислувам. Нема ништо конкретно ни за останување, ни за заминување. Би сакал да останам, но што ќе донесе иднината не можам ништо да кажам.“
ИНТЕРВЈУ ЈОСИП ПЕРИЌ: Еурофарм Пелистер расте во европски клуб – а нашата цел е титула!