Периќ: Мора побрзо да заборавиме на Магдебург, не чека двобојот со Вардар

Еурофарм Пелистер загуби убедливо со 24-32 од Магдебург во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа.

Битолчани немаат време за тагување, бидејќи в сабота ги очекува двобој со Вардар. Средниот бек Јосип Периќ вели дека мора побрзо да се заборави овој пораз.

„Разликата во првиот дел беше решавачка за противникот да оствари убедлива победа. Потфрливме во сите сегменти во првото полувреме и во одбрана и во напад. Второто полувреме беше многу подобро, но не беше доволно за поволен резултат. Мораме што побрзо да го заборавиме овој пораз, затоа што в сабота не очекува најважниот натпревар оваа сезона, против Вардар во Скопје“, изјави Периќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер од 3. коло во суперлигашкиот плеј-оф ќе се одигра в сабота со почеток во 17:00 часот.