Екипата на Татабања предводена од екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, славеше голема победа против Ференцварош во осминафиналниот дуел од Купот на Унгарија.
Татабања пред своите навивачи успеа да го совлада Ференцварош, клуб кој што оваа сезона учествува во Лига на Европа, со резултат 27:24 (17:14) и со триумфот над екипата од Будимпешта обезбеди четвртфинале во унгарскиот Куп.
Најефикасен во победничката екипа беше босанскиот репрезентативец Јосип Периќ со осум гола. Втор на листата на стрелци беше уште еден ракометар, кој дел од својата кариера ја мина во Македонија.
Станува збор за екс ракометарот на Пелистер и Металург, Петар Топиќ, кој во мрежата на гостите постигна четири погодоци од пет обиди.
Следен предизвик за Периќ и колегите ќе биде дуелот против Фаркасок во рамки од 14. коло од унгарскиот шампионат.