Барселона за следната сезона планира големо кратење на буџетите во сите спортски колективи (фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, хокеј итн).
Поради настанатата ситуација, во ракометниот клуб од Каталонија нема многу опции за носење на големи имиња.
Голманот на Барселона, Гонзало Перез де Варгас, во разговор за „Мундо Депортиво“ ги коментираше гласините околу неговото можно заминување од каталонскиот гигант.
,,Имам договор со Барселона на уште две години. Мислам дека сум во многу важен момент во кариерата во однос на спортската зрелост. Денес е јасно дека моето место е во Барселона, но јас не затворам ниту една врата. Кога ќе треба да донесам одлука, ќе ја донесам така што ќе ги ставам сите карти на маса. Тогаш ќе изберам што е најдобро за моето семејство. Одлуката не мора да се донесе ова лето. Сè што можам да кажам е дека дефинитивно ја започнувам претсезоната со Барселона на 7 август”, изјави Перез де Варгас за „Мундо Депортиво“.
Пред извесе период во германските медиуми се појави информацијата дека искусниот голман е голема желба на Кил.
Барселона до овој момент ја напуштија Лудовик Фабрегас (Веспрем) и Артур Парера (Гранољерс). Неизвесно е дали екс ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ, ќе остане во тимот на Карлос Ортега.