Шпанскиот репрезентативен голман Гонзало Перез де Варгас е колекционер на дресови од соиграчи и ривали на терените.
Тој на социјалните мрежи се пофали со големата колекција, во која има дрес и од поранешниот негов соиграч, Кире Лазаров.
Македонскиот капитен и Де Варгас играа три сезони заедно во каталонскиот гигант Барселона.
Меѓу другите се наоѓаат и дресови од Патрик Грецки, Валентин Порт, Икер Ромеро, Јеспер Нодесбо…