Тимот на Еурофарм Работник ја забележа можеби најголемата победа во клупската историја, откако во салата „Боро Чурлевски“, беше подобар од унгарскиот гигант Веспрем со 26-24.
На трибините во Битола беа присутни многу љубители на ракометот, кој му даде ветар во грб на домаќинот кога требаше, а беа и многу поранешни ракометари и ракометни работници.
Меѓу нив и легендарниот Пепи Манасков. Неговиот син Дејан Манасков беше дел од составот на Веспрем и беше втор стрелец со три голови.
Дали Манасков навиваше за Еурофарм, бидејќи е македонски клуб, или за Веспрем, каде игра неговиот син, останува дилема…