Еден од ракометарите што си заминуваат од Вардар е словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко.
Тој дојде лани во редовите на европскиот шампион и беше планиран како замена за Глеб Калараш, но во меѓувреме Русинот се врати.
Сикошек на почетокот на сезоната имаше солидни партии и добиваше минутажа, но во вториот дел немаше голема шанса за игра.
Словенецот во новата сезона ќе игра за шпанскиот тим Ла Риоха, а во меѓувреме се „одјави“ од Вардар на социјалните мрежи.
„Скопје, фала ти за се. Беше чест да се игра за голем клуб. Се надевам дека ќе се вратам еден ден. Имам многу спомени. Најдобрите навивачи во Европа“, напиша Пелко.