Ракометарките на Кузман Вардар направија изненадување на гостувањето во Битола кај Пелистер и одиграа нерешено 30:30 откако имаше подобар финиш и серија од 6:0, а со тоа беше освоен првиот бод во првенството после пет порази.
Пелистер во првиот дел најчесто имаше водство од еден или два гола. Така остана и до крај на полувремето и домашниот тим замина на одмор со водство од 19:17.
Во второто полувреме Пелистер го контролиреше резултатот и во последните десет минути влезе со 29:23. Сепак, во завршницата дојде до голем пад во играта што гостинскиот тим го искористи и со серија од шест гола стигна до израмнување и голем бод. Домашниот тим имаше семдерец на истекот на времето за победа но голманката на Кузман Вардар успеа да одбрани.
И во двете екипи имаше по една исклучително расположена ракометарка за голови. Во Пелистер тоа беше Моника Босиловска која постигна 13 гола, додека во тимот на Кузман Вардар, Вања Ангеловска исто така постигна 13 погодоци.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ГРУПА А
ТАБЕЛА